Средба Милевски – Гуерини

Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, вчера попладне оствари средба со првиот советник за политички прашања при мисијата на ОБСЕ, Симоне Гуерини.

Разговарајќи за актуелната политичката ситуација во државата, Милевски истакна дека коалицијата “За живот во Македонија“ е онаа која ќе ја формира новата влада, за што веќе се почнати процедурите.

На средбата исто така стана збор за актуелната политичка ситуација, како и за кризата во земјата.

Претседателот Милевски ја повтори заложбата за брзо формирање на влада, предводена од опозициската коалиција, со цел брзо спроведување на реформите и нормализирање на состојбите и животот во Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...