Mилевски: Коалицијата “За живот во Македонија“да формира нова влада

Интегрален текст од прес-конференцијата на претседателот на ЛДП, Горан Милевски

 

Коалицијата „За живот во Македонија“, е таа што заслужува да формира нова Влада во Македонија.

Таква е волјата на над 612.000  граѓани на Р.Македонија, кои избраа промени и крај на режимот на Никола Груевски и неговата Влада.

Се докажа дека Груевски  не може да формира Влада!

Граѓаните од сите етнички заедници гласаа за промени и промени ќе има!

Согласно Уставот, Ѓорге Иванов треба мандатот да му го даде на лидерот на коалицијата „За живот во Македонија“, Зоран Заев да го состави новото парламентарно мнозинство.

Иванов не смее да се дрзне да оди спротивно на волјата на граѓаните. Недозволиво е тој да се однесува сервилно кон Груевски, да тактизира, да се сокрива и да се обидува да ја продлабочува политичката криза во државата.

Во Македонија итно мора да се формира реформска влада.

Груевски го доби одговорот од граѓаните и тој е должен да овозможи смена на власта како што побараа мнозинството граѓани.

Либерално-демократската партија, ќе биде дел од новата Влада предводена од Зоран Заев и со тоа ќе даде свој придонес во спроведувањето на итните реформи предвидени во извештаите на Прибе и на Европската комисија, како и реформите утврдени согласно Договорот од Пржино.

Новата Влада ќе му даде ветер во грбот и на Специјалното јавно обвинителство да гo расчисти скандалот со прислушувањето и направениот криминал.

Во оваа држава мора се врати владеењето на правото, да се реформира правосудниот систем, и еднаш за секогаш да се искорени груевизмот што Македонија ја претвори од демократија во хибриден режим.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...