Средба Милевски – Мултановски

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, денеска оствари работен состанок со Амбасадорот на Република Полска во Македонија, Н.Е. Јацек Мултановски.

На средбата, соговорниците разменија мислења околу актуелната политичка криза, евентуалниот излез од истата, но и за останатите политички и општествени случувања во земјата.

Претседателот Милевски на амбасадорот Мултановски му ги пренесе ставовите на ЛДП во однос на моменталната политичка ситуација, уште еднаш упатувајќи апел за смиреност и разумност во овие кризни времиња за државата.

Брзото формирање на нова транспарентна, отчетна и чесна влада, мирниот трансфер на истата и нормализирањето на состојбите се и остануваат приоритети како на ЛДП, така и на целата здружена коалиција.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Груевски и Петровска на средба со занаетчиите во Битола

Денес, кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска заедно со носителот на советничката листа Валентин ...