Работна средба Милевски – Павловски

Претседателот на комисијата за економски прашања во Собранието на РМ, Горан Милевски денеска оствари работна средба во министерството за економија со државниот секретар, Зоран Павловски.

На средбата се разговараше за проектите кои новата влада ќе ги спроведува во областа на туризмот, проект во вредност од 60 милиони денари – безплатен ваучер за граѓани со ниски примања за користење на одмор вон туристичка сезона во туристичките капацитети во Македонија.

Зголемување на опфатот на субвенционирање на корисници за вградување на PVC и алуминиум дограма.

Зголемување на опфатот на субвенционирање на корисници за вградување на соларни колектори.

Воедно на средбата стана збор и за предлог проектите за новата 2018 година.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Прилеп: Ја поздравуваме одлуката на Владата на Република Македонија за зголемување на субвенциите за тутунарите

Интегрален текст од прес-конференцијата на ОО на ЛДП Прилеп. _________________________________________________ Почитувани граѓани, почитувани тутунари Општинската ...