Средба на Милевски со претседателот на Сенатот на Романија, Таричану

Денес, претседателот на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП), Горан Милевски на маргините на конференцијата “Западен Балкан – интегрален дел од обединета Европа”, оствари средба со претседателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску Таричану.

На средбата се разговараше за продлабочување на регионалната соработка, потребата од забрзување на процесот на приближување на земјите од западен Балкан во европското семејство, како и за подобрување на соработката помеѓу парламентите од двете држави.

Соговорниците дискутираа и за романските напори за сузбивање на корупцијата на владините претставници и за начинот на спроведување на реформите на правосудните органи.

Конференцијата “Западен Балкан – интегрален дел од обединета Европа” е организирана од страна на фондацијата Либерална интеграција и бугарската партија Движење за правата и слободите. Република Бугарија од 1-ви јануари го презема претседавањето со Европската Унија, што е важно за придвижување на процесите на интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...