Средба Милевски – Тимоние

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, денеска во просториите на ЛДП одржа работен состанок со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Двајцата соговорници разменија мислења за моменталната политичка ситуација, свикувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, но и за политичката криза и за начините за излез од истата.

Избраното мнозинство е спречено да формира влада, потсети Милевски, што е преседан кој остава простор истото да го практикува секој нареден претседател на држава кој не припаѓа на мнозинството во парламентот.

Претседателот на ЛДП, Милевски, уште еднаш ги повтори ставовите на партијата, односно силните заложби за нормализирање на состојбите во државата, смирување на непотребните меѓуетнички тензии, како и неопходноста од брз, мирен и транспарентен трансфер на власта.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...