Милевски: Договорот од Пржино мора да опстане и по изборите

„Медиумите и оставката на Груевски се последните битки кои опозицијата заедно со граѓаните треба да ги издвојат што е можно поскоро, за да се врати демократијата во државата и да се организираат веродостојни избори“, рече лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, на синоќешната трибина во Гевгелија, со која се заокружува серијалот „Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“.

Груевски тоне во жив песок, додаде Милевски, колку повеќе се обидува да мрда, толку повеќе пропаѓа во сопственото мочуриште.

“По оставката на Груевски веќе нема да биде исто и конечно ќе се стави крај на манипулаците во медиумите и изборната сфера. Договорот од Пржино нема и не смее да биде привремено решение за оваа држава. Се’ што ќе се имплементира мора да опстане и по изборите. Мора да се обезбедат фер избори, да се регулираат медиумите, законот за медиуми, глобите за медиумите“, рече претседателот на ЛДП, Горан Милевски, синоќа пред гевгеличани.

Според Милевски, опозицијата е свесна дека за заживување на Договорот од Пржино потребна е промена и на свеста на македонскиот гласач, оттаму најави тешка и подолготрајна битка со „Груевизмот“, како социолошки феномен.

На трибината во Гевгелија за човековите права, правосудството, здравството и екологијата, зборуваа и Никица Корубин, Драган Малиновски, Никола Пановски и Зоран Шапуриќ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...