Милевски: Изборите да се одложат ако Груевски продолжи да опструира

Tribina-Veles-10.11.2015“Или ќе се имплементира договорот од Пржино со сите важни реформи, или избори во април нема да има“, ова беше една од главните пораки кои синоќа, од трибината на ЛДП во Велес, ја испорача лидерот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски.

Зборувајќи пред велешани, Милевски кажа дека ако не се исполнат сите точки од Договорот од Пржино, односно се’ она што значи структурни реформи, прочистување на избрачкиот список во ДИК,  Законот за медиуми, беспредметно би било да се излезе на избори. Затоа, во оваа констелација на односи, најдобро ќе биде изборите да се одложат, се’ додека актуелната власт не го исполни  договорот до крај.

“Не смееме да дозволиме да се организираат уште едни лажни избори во Македонија по нотите на Груевски. Ако Договорот од Пржино не се испочитува и пред се’, не успее да заживее, ако не почне да се спроведува на дело се’ она што го сметаме дека е ургентно, тогаш нашиот став ќе биде изборите во април да се одложат. Јавноста гледа дека со спроведувањето на договорот се доцни. Во оваа држава избори треба да има само тогаш кога ќе има можност тие да се организираат слободно и фер, а не под палката на диригентот Груевски“, рече Милевски на трибината во Велес.

Факт, потенцираше Милевски, е дека министрите на опозицијата не можат слободно да работат, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ постојано ја опструираат нивната работа и не дозволуваат обврските да се одвиваат нормално, според законите и прописите во оваа држава.

На трибината “Македонија после Груевизмот – Либерални решенија” во Велес зборуваа и потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ, членот на извршниот одбор на партијата, Јован Манасијевски и поранешниот прв антикорупционер, Драган Малиновски.

Дел од атмосферата на одржаната трибина можете да проследите низ фотографиите во прилог:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...