ЛИДЕМ бара итна деполитизација на младинското организирање

Непотизмот, партиските влијанија и недемократскиот процес на бирање на претставник во РИКО – Регионалната кан199288_102130829869418_4396666_nцеларија за младинска соработка, ни дава за право да го искажеме нашето незадоволство од ваквиот начин на на работа на Агенцијата. Агенцијата за млади и спорт не смее да дозволи политизирање на младинските политики во државата, затоа што младите се авангардата и носителите на слободната мисла во нашето општество. Токму поради таквиот однос на власта, сведоци сме на масовно иселување и одлив на млади мозоци од Македонија во светот.

Либерално демократската младина се залага за фер и еднакво учество на сите млади во процесите на донесување младински политики. Целиме кон демократско општество ослободено од стегите на партискиот фаворизам, каде што младите непоспоредно ќе учествуваат во  изборот на свои преставници во тела и одбори како и младински преставник во регионалната кацеларија, кој се избира од Агенција за млади и спорт.

Предлагаме Агенцијата за млади и спорт да дозволи младите да го повторат процесот на бирање на регионален преставник. Само така, Агенцијата за млади и спорт повторно ќе ја врати веќе одамна изгубената доверба кај младите во Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...