Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на која што учествуваа претставници од седум политички подмладоци од регионот HNS и IDS од Р.Хрватска, LDP и Nova stranka од Р. Србија, LP од Р.Црна Гора, Nasa stanka од Р. Босна и Херцеговина и претставници од Либерално Демократската Mладина од Македонија(ЛиДеМ): Катерина Димовска, Санда Крекиќ, Целе Јолевски и Симона Басталиќ.
RLPA која е организиранa од страна на Фондацијата Борис Дифкович од БиХ, CIS и ELF,
има за цел да ги поврзе младите либерали од регионот и да ја зајакне нивната соработка, како и да им обезбеди на либералните политички подмладоци размена на меѓсебни искуства.
Академијата се одвива во 3 модули. Двата модули кои што се одржаа во Сараево и Белград претставуваа едукација за младите либерали, односно можност тие да се запознаат со функционирањето на политичките системи во регионот, историјата на либерализмот, како и правец за делување во текот на изборните кампањи, улогата на медиумите во политиката, но и можност за младите сами да осмислат и реализираат мини проекти.
По завршените два едукативни модула, следуваше последниот модул кој трдиционално се одржува во срцето на Европската Унија – Брисел и кој има за цел да ги запознае младите одблиску со европските либерални вредности. Во рамките на овој модул учесниците беа во посета на Европскиот парламент каде што разговараа со Европските пратеници на различни актуелни политички прашања. Во парламентот беа пречекани од страна на Илхан Кучук евро-пратеник од Р. Бугарија и потпретседател на Алијансата на либерали и демократи на Европа, Иван Јаковчич од Р. Хрватска, Фредерик Федерлеј од Р.Шведска и Мариетје Шааке од Р. Холандија, кои преку отворен пристап им ги пренесоа своите политички искуства на младите либерали, и исто така ги запознаа со перспективите и иднината на Западниот Балкан. Покрај посетатa на Европскиот парламент учесниците беа во посета и на просториите на Алијансата на либерали и демократи на Европа( ALDE) и Европските млади либерали ( LYMEC) каде остварија средба со претставници од раководството на ALDE Филип Хансен и Андру Бургес и со секретарот на LYMEC Даница Вихинен. Исто така за времетраењето на Академијата учесниците имаа можност да го посетат и Европскиот Либерален Форум (ELF), CEFTA и претставништвото на NATO каде се запознаа со начинот на функицонирање и работа на овие организации.

Покрај претставниците на ЛиДеМ на 3-от модул одржан во Брисел присуствуваше и претседателот на Либерално Демократската Партија (ЛДП) Горан Милевски кој го сподели своето политичко искуство со младите либерал-демократи од регионот. Тој во неговото обраќање до младите либерал-демократи од регионот ја сподели својата политичка приказна, која имаше за цел да ги поттикне младите да продолжат со ширењето на либералната идеја и либералните вредности, а воедно упати и порака со надеж дека во иднина од оваа академија ќе произлезат нови лидери на Балканот.

Со завршувањето на третиот модул ЛиДеМ истакнува дека ваков вид на Академија како РЛПА е одличен проект за изградба на млади кадри во политиката и дека треба и понатаму да продолжи со одличната работа, затоа што сите либерални партии во регионот се соочуваат со слични проблеми, па оттука им е потребна регионална соработка и разменување на искуства, а со цел надминување на сите препреки кои ги имаат либералите на Балканот.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...