Никој нема право да им забрани на младите да критикуваат и маршираат

Денеска е 10. Декември, меѓународен ден на човековите права. Слоганот за оваа, 2014-та гласи: Почитување на човековите права 365 денови во годината!

Текстот на Универзалната декларација за човекови права е најпреведуваниот документ во светот, по Библијата. Ова е првиот документ во кој на глобално ниво се изразени правата на кои природно, сите човечки суштества имаат право.
Тие се обдарени со разум и совест,и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.“

Либерално-демократската партија, согласно своите вредносни традиции и принципи смета дека и Република Македонија, како и нејзините политички субјекти и институции, се должни да ги почитуваат човековите права на сите граѓани на Република Македонија, независно од нивната етничка, политичка, старосна, културна, верска, полова, сексуална вокација и ориентација. Државата е таа која треба да ги овозможи сите предуслови граѓаните да се чуствуваат рамноправни.
Сите граѓани, мажи и жени, млади и стари, оние кои се жртви на непочитувањето на нивните основни права, или се сведоци на погазување на истите кон други индивидуи, имаат право на гласност и транспарентност, јасно и бескомпромисно да ги искажуваат нивните идеи и мисли, нивните ставови и да го информираат јавното мислење.

На секоја демократија и се потребни критички настроени и креативно кадри, за да се одбранат од манипулациите на секој демагог, популист и било каков друг авторитет.

ЛДП го подржува автономното и критичкото мислење на младите, како најдобар гарант за демократската иднина на Република Македонија. Никој нема право да им забрани на младите да критикуваат, бараат, негодуваат, протестираат и маршираат

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Став на ЛДП во врска со договорот со Р. Грција

Вечерва Централниот одбор на ЛДП го разгледа и едногласно го прифати договорот потпишан помеѓу Владите ...