Трибини: Македонија после “Груевизмот“ – Либерални решенија

Трибина - Македонија после 'Груевизмот' - Либерални решенијаЛиберално-демократската партија од денеска почнува со серијата трибини низ државата, покривајќи ги клучните области кои се однесуваат на проблемите на граѓаните и изнаоѓање на решенија за истите.

На првата трибина, која ќе се одржи денес во Домот на хуманитарни работници “Даре Џамбаз“ во Скопје, со почеток во 19:00 часот, граѓаните ќе разменуваат мислења со говорниците и заеднички, ќе се дискутира за решенијата, понудени од страна на Либерално-демократската партија.

Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана, ќе има дискусија во областа на економијата, Проф. Д-р Никола Пановски ќе се обрати на присутните и ќе размени мислења во врска со здравството и здравствениот систем во Р. Македонија. Адвокатот и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција, г-дин Драган Малиновски, ќе го опфати правниот и судскиот аспект на функционирањето на државата, додека Никица Корубин ќе се посвети на делот на моменталната состојба со човековите права, а универзитетскиот професор, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина, ќе се осврне на состојбата со образованието, образовниот систем, како и екологијата и заштитата на животната средина. Завршен збор на трибината, како и осврт на моменталните политички случувања, ќе има претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Ова е прва од серијата трибини на Либерално-демократската партија, кои ќе имаат за цел да ги доближат граѓаните до ЛДП, раководството подетално да се запознае со проблемите кои ги имаат и да се презентираат програмските решенија за истите, во очи на предвремените парламентарни избори, закажани за 24-ти април, 2016-та година.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...