Налбанти: Нудиме сет на мерки за развој и поддршка на микро и малите бизниси

Интегрален текст на прес-конференцијата на Јован Налбанти, ОО ЛДП Битола

 

Македонија е презадолжена земја и непотребно понатаму да се презадолжува. Новото интерно задолжување од 74 милиони евра и реакцијата на министерот Ставревски, како и премиерот Груевски, со најава за каснење на пензии, плати, субвенции е само обично заплашување на граѓаните, без никаква реална основа.

Зоран Ставревски на 24.11.2015 година изјави дека со задолжување од 270 милиони евра, земени преку обврзница, се покриваат потребите на буџетот за тековната и за 2016-та година и дека буџетот е во одлична кондиција.

ЛДП ги потсетува граѓаните дека Македонија има надворешен долг од околу 6,2 милијарди евра, а само јавниот долг, според проценките, се приближи на 4,5 милијарди евра, односно секој граѓанин на Македонија должи околу 2.300 евра или четиричлено семејство – околу 9000 евра.

ЛДП, како дел од опозиционата коалиција, се залага за политика на константно намалуваење на задолжувањето и буџетскиот дефицит на државата преку политика на паметно раздолжување и задолжување и евентуално задолжување само за инфраструктурни објекти од сферата на енергетиката, сообраќајот и екологијата.

ЛДП има подготвено сет на мерки и политики за одржлив развој на микро и малите бизниси, но за тие мерки јавноста ќе биде дополнително информирана, тогаш кога и официјално ќе станат дел од изборната програма на ЛДП. Воедно, убедени сме дека истите ќе бидат дел од програмата на новата влада.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...