Настап на пратеничката Јулиана Николова на Комисијата за финансирање и буџет

Денес на комисијата за финансирање и буџет своја дискусија имаше и пратеничката од ЛДП Јулиана Николова, а во врска со амандманот за изградба на пречистителна станица во Петровец:

Сакам да го поздравам успешното мапирање на проблемите кои претходната Влада ги остави во наследство на новата, впрочем, големиот број на поднесени амандмани на опозицијата, (без разлика дали се преземени од нашите предлози или се нови), само ја потврдува свесноста на пратениците од опозицијата за проблемите кои ги оставаат позади себе како предходна владеачка гарнитура.

Предлогот е коректен, бидејки изградбата на пречистителна станица во Петровец е од суштинско значење за граѓаните од таа општина но е несоодветен тајмингот на неговото поднесување.

Во време кога економскиот раст е на најниско ниво, неодговорно е да се бара решавање на проблем кој претходната влада не го решила години наназад, аргумент плус за нерационалноста на прифаќање на овој амандман во овој момент е и слабата реализација во првата половина на годината во областа на животната средина со што се алоцирани средства од буџетот за таа намена и секако, непостоење на студија и проектна документација, со што оваа буџетска година нема временски период за физичка реализација на проектот.

ЛДП како дел од владејачкото мнозинство ќе поддржи и максимално ќе се заложи за решавање на овој проблем на општина Петровец.
Сигурни сме дека во следниот буџет овој предлог ќе најде свое место, така што жителите на општината ќе можат да го решат горливиот проблем со довршување на канализационата мрежа и изградба на пречистителна станица.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...