Настап на Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски на Комисијта за финансирање и буџет

На последниот ден, како последна дискусија пред завршување на расправата по амандманите по ребалансот на буџетот, беше говорот на пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски.

Дел од неговата дискусија беше изразување на разочараност од начинот на кој опозицијата и пристапи на овој ребаланс. Наместо да го разгледаат буџетот и да дадат автентични амандмани, опозицијата реши да ги препише амандманите на сега владеачката коалиција. За препишувачите се знае каква оценка следува, истакна Милевски.

Овој буџет е предложен од владата на ВМРО ДПМНЕ а ние сега со ребалансот само го прилагодуваме на новите политики.

Каде беа пратениците од сегашната опозиција кога се носеше овој буџет да ги предложат сите овие проекти кои сега ги бараат од новата влада.
Зошто тогаш не ги испланирале во буџетот.
Ние за 50 дена не можеме да направиме се. Државата е контаминирана на секое ниво а наша задача е да ја деконтаминираме, констатира Милевски пред да биде прекинат од претседателката на комисијата.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...