ЛДП иницираше документ на Препораките за Реформите на медиумите и независноста на новинарството во Република Македонија

На лидерската средбата на либералните и либерално-демократските партии на југоисточна Европа-ЛИБСЕЕН, одржана во Загреб од 7-9 ноември, на која учествуваше и Либерално-демократската партија , по иницијатива на Либерално-демократската партија од Македонија  едногласно беше подржан и усвоен документот на Препораките  за Реформите на медиумите и независноста на новинарството во Република Македонија.

Споменатите Препораки за реформите во доменот на медиумите и независносто новинарство во РМ, беа подготвени и усвоени од страна на ЗНМ, Европската Федерација на новинарите и Синдикатот на новинарите и медиумите.

Либерално-демократската партија поаѓајки од своите идеолошко-политички вредности го подржа овој документ. Со оглед на тоа дека се работи за ставови кои се блиски на идеологијата на либералната демократија и мислата на еден од татковците на либералната филозофија,  Џон Стујарт Мил, за слободата на новинарството, ЛДП го иницираше овој значаен документ на лидерската средба на ЛИБСЕЕН одржана во Загреб минатиот викенд.

Препораката беше прифатена едногласно и истата ке биде проследена до конференцијата на европските либерали – АЛДЕ за нејзино конечно усвојување на ниво на европската меѓународна асоциација на либерално-демократските партии.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изборно собрание на ОО ЛДП Ресен

Либерално-демократската партија, викендов го одржа изборното собрание на општинската организација на ЛДП во Ресен. Присутните ...