Новите задачи за Груевски по НАТО самитот во Кардиф

makedonyaПред десетина дена, во контекст на заклучоците од првата Конференција за земјите од Западен Балкан, предупредив дека ја губиме перспективата на државата заради виртуелната реалност на Премиерот. Суровата реалност сека и од Кардиф не потсети дека и во НАТО не може да се биде членка без принципиелно, сериозно и државничко однесување.

Реалноста од Кардиф зборува дека во текот на сесиите Македонија била повеќе пати опоменувана дека не ги исполнува обврските кон Алијансата и тоа:
-во делот на неискористување на НАТО наменските фондови за професионално унапредување на одбранбените и административните капацитети;
-ненавремено подготвување на стандардните документи и извештаи за националните активности во однос на Алијансата;
-игнорирање и неучество на НАТО конференции, форуми и други настани;
-речиси 7 годишен рестриктивен национален буџет за НАТО активностите.

Во неформалниот дел од Самитот, дури и во Кардиф сме направиле обид да инсталираме виртуелна реалност за Македонија и тоа преку скандалозното однесување на нашиот Министер за надворешни работи, кој освен што не ја знаел ни агендата барал од земјите-членки да формулират лажни заклучоци за Македонија во финалниот документ!? Иако свесен за стагнацијата на Македонија во интеграцискиот процес и за неисполнетите обврски кон Алијансата, од што веќе било извесно дека за нас ќе има нови услови за полноправно членство, нашиот министер барал во заклучоците да се наведе дека Македонија има напредок во овој процес и инсистирал, спорот со името да биде единствена пречка за нашето полноправно членство во НАТО, за што молел во конечниот документ да остане непроменет заклучокот за приемот на Македонија во НАТО од Букурешт!? Значи, сакајќи да се сокрие реалноста, бескрупулозно сега и во меѓународни рамки, сме молеле да остане заклучок за којшто, поведовме и добиваме меѓународноправен спор?!
НАТО Самитот во Кардиф е историски настан на гео-стратешката политичка сцена, во рамки на кој Алијансата најави нов стратешки концепт и Акциски план на делување. Новиот заменик на Генералниот секретар ќе биде и Специјален координатор за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата, а ќе се формираат Единици со највисок степен на подготвеност за брза реакција во заедничките задачи.
Според заклучоците од Декларацијата секоја членка и апсирант за членство ќе биде обврзана да одвојува минимум 2% од националниот БДП, при што најмалку 20% од националниот буџет за одбрана ќе мора да биде искористен за опрема, истражување и развој. Во овој контекст Македонија веќе 7-години има рестриктивен буџет во доменот на одбраната и тоа, токму за потребите на НАТО активностите. Ова се потврди и со последниот ребаланс на Буџетот, каде за НАТО обврските се издвоени вкупно 325.000 илјади денари или, 0,05% од БДП, што за Алијансата не ништо ново, освен непријатно изненадување!

Во говорот, по повод Денот на независнота на Република Македонија, г-динот Велјановски, во својство на претседател на Собрание на Република Македонија, на свечената академија, нашето полноправно членство во НАТО го подвлече како најголем приоритет, за членството во ЕУ како втор национален приоритет на нашата земја!
Наспроти говорот на првиот парламентарец, во Декларацијата на НАТО Самитот во Кардиф, во заклучокот бр.40, што се однесува на напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на обврските кон НАТО, Македонија ја нема никаде, не е ниту спомната! Ова значи дека во Македонија нема напредок во обврските што ги презела кон НАТО!

Со заклучокот број 96, Алијансата, за прв пат по Букурешт, ги проширува условите за полноправно членство со продолжување на реформските процеси во земјата, особено за обезбедување ефективен демократски дијалог, слобода на медиумите, независност на судство, целосно функционирање на мултиетничко општество врз основа на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, како и развивање на добрососедски односи!
Најстрашното е тоа што со овој заклучок НАТО сега бара решавање на спорот со името во рамки на ООН што ќе значи безбедност и стабилност во регионот, односно решавање на спорот со името не е повеќе единствениот услов за наше полноправно членство на Алијансата!

Г-дине Груевски, дали знаете дека сте прифатиле, ни помалку ни повеќе туку 113 задачи во Кардиф и дали знаете како тоа ќе го спроведете?!
Во кој стратешки документ и како ќе ги внесете заклучоците од Декларацијата, особено во делот на обврските кон Турција, Русија, Кина, Арапски Емирати, Косово, Србија, Палестина и како пак ова ќе им го објасните на САД во однос на Договорот за стратешко партнерство што го потпишавме со нив, веднаш после Букурешт?!

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на конференција од ХОПС

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, заедно со други пратеници ...