Обука за ПР настапи на претставници на локални организации на ЛиДеМ

На 12-14 ви декември ЛиДеМ со поддршка на сестринската партија на холандските либерал-демократи (VVD) се одржа Обука за ПР настапи на претставници на локални организации на ЛиДеМ, во Скопје. Инаку, оваа партија веќе неколку години е владеачка партија во Кралството Холандија.
Конференцијата ја отвориja претседателот на ЛиДеМ, Бобан Јанкоски. Потоа им се обрати Wouter Schroer, меѓународни директор на холандските либерал-демократи (VVD).
Првиот ден имаше дискусијата и работа во групи за вовед во односите со јавност, модели на односи со јавноста.
Втоириот ден новинарот Катерина Цаневска имаше излагање на тема говорот на телото, однесување пред камера, интервју и изјава за медиумите. Новинарот Филип Ѓурѓиновски имаше излагање за новите медиуми и говорот на омраза на интернет. Додека Марија Савиќ зборуваше за комуникација со медиуми (Соопштение за јавност, Најави до медиумите, Предлог до медиумите или убедувачко писмо, Брифинг, Писмо до уредникот).

seminar_VVD5 seminar_VVD3

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА) Капацитетите на ЛИДЕМ – главна тема на зимската школа во Струмица

Градење на капацитетите на новите, млади либерал-демократи беше темата на зимската школа на Либерално-демократската младина, ...