ОО ЛДП Гевгелија: Што се случува со Р-103, делница Прдејци – Смоквица

(Интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО ЛДП Гевгелија, Тихомир Ручкоманов)

            Тихомир Ручкоманов 1Општинската организација на Либерално-Демократската партија Гевгелија, после укажувањата на наши сограѓани, денес, од лице место, односно од регионалниот пат Р-103, Ве известуваме дека поднесовме предлог до градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и претседателот на Советот на општина Гевгелија, г-дин Драги Хаџи Николов, итно да се разгледа состојбата со регионалниот пат Р-103, делница Прдејци – Смоквица .

            Имено пред повеќе од 30 дена, тука несоодветно се асфалтирани околу стотина метри од регионалниот пат Р-103, најверојатно од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија и градежните активности од тогаш до денес се во прекин.

            Во јавноста се шпекулира дека изградбата на Р-103 е обврска на изведувачот на автопатската делница Смоквица – Демир Капија, а не на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија. Сакаме да напоменеме дека ниту на службената страна на Агенцијата за државни патишта, ниту пак во Стратегијата за развој и одржување на државните патишта, не е споменат регионалниот пат Р-103. Исто така потсетуваме, дека во октомври, 2003-та година, имаме поднесено до општина Гевгелија барање за поведување постапка за поместување на 10 КВ далековод, изграден за потребите на пумпната станица на нафтоводот Солун – Скопје, кој беше изграден како дел од најголемата дивоградба во Република Македонија, а истиот и тогаш и денес е физичка пречка за соодветна градба и уредување на регионалниот пат Р-103.

            Затоа бараме од Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, но и од Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија, Александар Стојанов, веднаш да ги известат граѓаните на општина Гевгелија што се случува со регионалниот пат Р-103, главната и единствена сообраќајна артерија во општината, но и единствената алтернатива на автопатот, односно која компанија ги изведува градежните работи, каква е динамиката на изградба, за колку средства и од кои фондови се обезбедени истите?!

            Искрено се надеваме дека и членовите на Советот на општина Гевгелија од редовите на владеачката коалиција ќе се заинтересираат за овој голем сообраќаен проблем и дека и тие ќе побараат транспарентост и отчетност, како од локалната самоуправа, така и од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Динчо Крстев од Босилово – кандидат од ЛДП за советник во општинскиот Совет

ЛДП и во иднина ќе учествува во Советот на Општина Босилово. На кандидатската листа на ...