Општинскиот одбор на ЛДП во Штип со ново раководство

Опстинската организација на ЛДП во Штип одржа редовно изборно Собрание на кое присутните делегати го избраа новиот состав на Општинскиот ордор на ЛДП Штип, кој ќе ја води оваа организација во наредниот четиригодишен период.

На својата прва седница Општинскиот одбор на ЛДП во Штип избра ново раководство. За претседател на Општинската организација е избран Горан Варадинов, за потпретседатели Миро Кацаров и Дејан Кировски, а за секретар Драган Ташковски.

ЛДП формира политичко јадро во Штип кое ќе даде сериозен придонес во остварувањето на програмските цели на Партијата кои секогаш се во полза на граѓаните и нивните права и потреби за подобар живот, се вели во соопштението од Партијата.

Од ЛДП укажуваат дека Штип како град на солидарноста одсекогаш бил бастион на сите цивилизациски придобивки кои се од полза за граѓаните, а ЛДП се атрибуира низ таквото својство.

На седницата е донесена одлука за формирање ЛИДЕМ и Форум на жени на ЛДП.

…..

Од СОбранието на на ОО на ЛДП Штип

…..

Од седницата на ОО на ЛДП Штип

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Либерално демократска младина: Целосна поддршка на сите лица слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

По повод 17 мај, меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија Либерално демократската младина дава ...