ЛДП: Репресиите на власта врз лекарите ги оставија болниците без кадар

Tribina - Makedonija posle Gruevizmot-liberalni resenija - Bitola (8)Македонското здравство се распаѓа пред бројните реформи на власта. Најлоша е состојбата во болничката здравствена заштита. Сега е последниот момент да се направи реорганизација,да се обзнани колку лекари заминале во странство и во приватното здравство, за да преземат мерки за надминување на  состојбата, предупреди Никола Пановски, претседател на Советот за здравство на Либерално-демократската партија (ЛДП), на трибината во Битола, како дел од серијалот „Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“.

Пановски, анализирајќи ги состојбите во примарното, секундарното и терцијалното здравство, по реформите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека за многу скоро граѓаните ќе го почувствуваат недостигот  на матични лекари, гинеколози, педијатри и стоматолози.

“Просечната старост на матичните лекари е 58 години. Според проценките, за три години 1300 матични лекари ќе заминат во пензија. Истовремено, репресивните финансиски мерки на власта и омаловажувањата на здравствените работници директно се одразуваат врз здравствената заштита на пациентите“, рече Пановски.

Од ЛДП сметаат дека најтешките последици од реформите на власта ги трпат болниците и покрај тоа што речиси сите добија скапа опрема и апаратура.

“Ситуацијата во болниците е најлоша,  иако таму се растовари скапа опрема. Тоа е како на сиромав човек да му купите „мерцедес“, како оној на премиерот од 600 000 евра. И при тоа да му кажете дека мора да се вози и секој месец да го носи на сервис, а тој нема ниту скршена пара. Значи ако болницата нема пари за сервис на опремата, потрошен материјал и секако ако нема обучен кадар таа ќе биде надвор од употреба“, појасни Пановски.

Либерално-демократската партија предлага конкретени решенија за заздравување на здравствениот систем во државата, почнувајќи од преиспитување на моделот плаќање по учинок.

“Ќе се заложиме за инто интегрирање на Клиничкиот центар и ќе ја продолжиме реформата за базична самостојност на клиниките со подсметки. Ќе се ослободиме од 32 Управни одбори и средствата што ги примаат, а ќе се ослободиме и од 64 директори, тие ќе бидат само двајца.

Исто така, стручните директори на универзитетските клиники наместо партиски, ќе се залагаме тие да бидат бирани од редот на наставно-научните работници“, предложи ЛДП на трибината во Битола.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...