Портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ, учесник на Академијата за либерализам на ELF

Портпаролот на ЛДП Филип Јаневиќ од 7ми до 9ти Мај учествуваше на Академија за Либерализам кој се одржа во Љубљана, Р. Словенија.
На Академијата се одржа обука за обучувачи, програма наменета за обучувачи, говорници и модератори во полето на политичката работа, чија цел е со конкретни знаења и методологија да се пренесат стекнатите вештини во и надвор од матичните партиски организации.
Посебен фокус се посвети на делот на водење на поличка кампања. Оваа Академија беше водена од искусни обучувачи од сестринските партии на ЛДП од Холандија VVD и D66. На овој начин беа пренесени богати искуства ако се има во предвид дека на изборите оджани минатиот месец во Холандија, победа оствари VVD, партијата на премиерот Марк Руте, додека пак D66 го оствари својот најдобар резултат во изминатите 10 години.
На Академијата исто така учествуваа сестрински партии од Југоисточна Европа. Настанот беше искористен и за размена на добрите практики од сестринските партии во регионот.
Академијата за Либерализам се одржа под покровителство на Европскиот Либерален Форум (ELF).

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...