ЛДП: Темелно подобрување на квалитетот на живот за децата со попреченост и инвалидност

Пратениците од Либерално-демократската партија остварија посета на родителите на децата со попреченост и лицата со инвалидност, кои ја покренаа иницијативата „5 до 12“ и кои изминативе два дена кампуваат во паркот пред Собранието на Република Македонија.

Претставниците на иницијативата ги запознаа пратениците на ЛДП, Горан Милевски и Јулијана Николова, со барањата за подобрување на квалитетот на живеење на децата со попреченост и лицата со инвалидност во Р.Македонија и ги изнесоа своите видувања за решавање на бројните проблеми, кои во изминатите години се  напластени во здравството, образованието и социјалната заштита.

ЛДП дава целосна подршка за решавање на барањата и смета дека е потребна темелна реформа во системот на социјална заштита, здравство и образование во однос на децата со попреченост и лицата со инвалидност.

Во меѓувреме, ЛДП ќе се залага за решавање на приоритетните барања од иницијативата „5 до 12’, како што се:

–              Зголемување на посебниот додаток/нега на друго лице, а се однесува на лице со посебни потреби.

–              Лицата со посебни потреби кои се постари од 26 години да се издвојат од возрасните кои примаат „нега на друго лице“ (туѓа нега).

–              Ортопедските помагала да се доделуваат исклучиво врз основа на континуираните секојдневни потреби

–              Надоместот на платата на родител на лице со посебни потреби да не биде помал од половина од просечната нето плата за последните шест месеци.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Куманово со свечени активности по повод одлебежувањето на денот на ослободување на градот

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 73 години Куманово беше ослободено ...