ЛДП Гевгелија – Предлог до Градоначалникот на Гевгелија за формирање на Јавно Комунално Претпријатие

RuckomanovПрес-конференција на ОО на ЛДП Гевгелија. Интегралниот текст од прес-конференцијата можете да го прочитате подолу:

Почитувани сограѓани,
О.О. на ЛДП Гевгелија денес до Господинот Градоначалник Франгов и Господинот Претседател на Советот на општина Гевгелија Господинот Хаџи Николов, поднесе предлог за формирање на ново Јавно Комунално Претпријатие со дејности од општинско инфраструктурно уредување и градежно дооформување на локалните површини. Испровоцирани од задоцнетото крпење на улиците во градот со лопати, гребло, рачна количка и рачен ваљак, но и повикани од Вашите реакции во изминатиот период за раскопани улици, несредени тротоари, немање на велосипедски патеки, неформирање на мали плоштади и скверови, како и лоша урбана опрема, предлагаме решение кое функционира во средини како нашата.
Реинженерингот на постоечкото локално јавно претпријатие со формирање на една нова современа интеграција на потребите и можностите, со ефикасна употреба на квалификациите, искуствата, флексибилноста и иновативноста, ќе доведат до квалитетна и брза услуга спрема граѓаните и пошириката заедница. Добрата распределба на обврските на јавните претпријатија, нивниот капацитет, квалитет и нивото на услуга спрема секојдневните потреби на граѓаните и пошироката заедница, ќе го подобрат квалитетот на живеење во општината.
Сметаме дека е време за посебно внимание спрема јавните површини кои се дел од локалните сообраќајници, кои пак учествуваат во формирањето на малите плоштади, скверовите и поголемите раскрсници. Чувствуваме потреба да ги „рашириме“ улиците со тротоари и велосипедски патеки, да овозможиме поголем процент на сообраќај на пешаци и велосипеди на сметка на патничките автомобили. Наша традиција се пешачењето и возењето велосипед. Регулацијата на свлечиштата и пороите, регулацијата одржување но и користење на речните корита да бидат дел обврските на новото Јавно Комунално Претпријатие. „Хард“ инфраструктурата на градот со години функционира под притисок и бара почести и поголеми интервенции, но и нејзино сериозно одржување и проширување. Идеите за нови креативни паркови со постоечките обележја на градот и општината чекаат на нивна реализација.
Почитуван Градоначалник, урбаната хоризонтала е дворот на општината, првиот впечаток за домаќинот на секој гост. Затоа бараме сериозно да го разгледате нашиот предлог и барем да дозволите сите политички субјекти, граѓаните и пошироката заедница да се запознаат и изјаснат по истиот. Се надеваме на разбирање од Ваша страна.

Видео од прес-конференцијата:

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...