Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, избран за Претседател на собраниската комисија за економски прашања

Претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на Република Македонија, г-динот Горан Милевски, на вчерашната седница беше избран за Претседател на Комисијата за економски прашања.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат за:

  • производство и трговија; – минерални суровини и енергетика;
  • туризам, угостителство и занаетчиство;
  • надворешно-трговско работење;
  • странски вложувања;
  • сопственичка трансформација;
  • мерки против монополска положба и монополско однесување на пазарот;
  • заштита на потрошувачите;
  • јавни претпријатија;
  • концесии;
  • статистика,
  • воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се однесуваат на  економскиот систем и
  • други прашања што се однесуваат на економскиот систем.

Оваа собраниска комисија има претседател, десет члена и нивни заменици. За заменик Претседател на Комисјиата е избран пратеникот од Демократската Унија за Интеграција, г-динот Агим Шаќири.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Груевски и Петровска на средба со занаетчиите во Битола

Денес, кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска заедно со носителот на советничката листа Валентин ...