Работна средба на македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка

Во рамки на официјалната посета на Москва, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на државниот земјоделски инспекторат Јане Станкоски (ЛДП), го посетија најголемиот агрокластер во Источна Европа, #FoodCity, во чии што рамки работи постојаниот изложбен штанд на #МакедонскиотДом.

Токму во склоп на „Македонскиот дом“, досега се претставени 18 компании, од 5 гранки, од конзервната, млечната, винската индустрија, како и останати кондиторски производи. „Македонскиот дом“, беше отворен во март минатата година, врз основа на договорот на Македонскo-руската стопанска комора и Трговската комора на Москва.

Функционирањето на овој дом е важно за промоција на македонските земјоделско-прехрамбени производи,бидејќи компаниите кои се претставуваат, имаат можност да работат со руските компании од регионите, но и од другите земји кои имаат свои претставништва во Руската Федерација.

Одржан е и работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников, се разговарало за широк спектар на прашања кои се од заеднички интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.

Позитивно се оцени растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар.

Воедно, на состанокот со г.Травников, се разговарало и за потенцијалните проекти за кои што постои заеднички интерес во областа на енергетиката, туризмот, образованието, спортот и науката.

Двете делегации се согласија, во следниот период, да бидат преземени конкретни чекори за возобновување на соработката во рамки на Меѓувладината комисија и во работните групи.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...