Либерал демократите од Европа ке ја водат работната група “Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент

Среда, 07.03.2018 год.

По три години од своето формирање, во Европскиот парламент обновена е работата на групата “Пријатели на Македонија“.  На овој настан учествуваше и Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-динот Никола Димитров.

Работната група ќе ја предводи холандскиот евро-пратеник, г-динот Ханс Ван Баален (Hans Van Baalen), кој доаѓа од редовите на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и Демократи за Европа), една од побројните парламетарни групи во ЕП, чиј Претседател е во моментот.

Johannes Cornelis van BAALEN

Г-динот Ван Баален е еден од најголемите пријатели и поддржувачи на Република Македонија во Европскиот парламент во изминативе години, а секако и голем пријател и поддржувач на Либерално демократската партија (ЛДП).

Во работата на групата вклучени се и други евро-парламентарци од либерално-демократското семејство (АЛДЕ) како на пример: г-дин Иван Јаковчиќ (ИДС, Хрватска), г-дин Јозо Радош (ГЛАС, Хрватска), г-дин Јасенко Селимовиќ (Либералерна, Шведска) и г-дин Илхан Ќучук – Потпретседател на АЛДЕ и Претседател на МДПС (Бугарија), кој е исто така докажан пријател на ЛДП и Република Македеонија, воопшто.

Ivan JAKOVČIĆ

Jozo RADOŠ

Jasenko SELIMOVICIlhan KYUCHYUK

 

 

 

 

Исто така, вклучени се и евро-парламентарци од останатите парламентарни групи при Европскиот парламент, како ЕПП, ЕКР, ПАСД.

На средбата меѓу другото било истакнато:

“….Македонија остави зад себе еден тежок период од својата историја и отвори нова страница во својот демократски развој. Целата европска заедница со голем ентузијазам го поздрави формирањето на новата влада и нејзината подготвеност да работи на брзо членство во НАТО и во Европската Унија. Премиерот Заев направи неколку важни први чекори, бидејќи подобрувањето на дијалогот со соседите е добра појдовна точка за членство во ЕУ….“

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...