ЛДП: Итна разрешница за случајот „Монструм“

 LDP-660x330Либерално-демократската партија апелира до Специјалното Јавно Обвинителство за итно разгледување на случајот „Монструм“ и негово превземање во своја надлежност. Станува збор за крајно специфичен и чувствителен предмет, кој е трагичен по својот исход и за жртвите и за осудените.

Поради целосно нарушената легитимност на судскиот систем, на кој сведочиме сите како граѓани, а и е нотирано во Извештајот на Прибе, вчерашната потврда од страна на Апелациониот Суд во Скопје на пресудата за доживотен затвор на осудените во случајот, јавноста и засегнатите и понатаму се крајно сканадализирани и без никаква верба во исходот на пресудата.

Со должно внимание кон сите лично засегнати во самиот процес, сметаме дека јавноста мора да ја дознае вистината за еден од најтрагичните настани во поновата историја, која предизвика многу контраверзи и недоумици, токму поради целосно узурпираниот општествен систем во кој живееме и разградениот и нелигитимен судски систем. На тој начин, а и со сериозните индиции за текот на самиот настан и водењето на судскиот процес, постојат сериозни сомневања за исправноста на целата постапка и во таа насока сметаме дека и фамилиите на жртвите, а и фамилиите на осудените имаат право да ја знаат вистината.

ЛДП смета дека правдата мора да биде еднакво достапна за сите, а чекор кон нормализирање на општеството е преку решавање на најчуствителните проблеми. Вистинската истрага за судскиот случај Монструм од страна на СЈО ќе биде показател дека суштински се спроведува Договорот од Пржино, каде најтешките прашања ќе го добијат својот одговор.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...