Реакција на ЛДП Гевгелија: Масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија!

Масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија!

Почитувани сограѓани,
Деновиве ни беше доставен документ за потрошеното гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија по возила, за период од 01.01.2017 година до 31.03.2017 година, споредбено со истиот период за минатата 2016 година. Податоците се фрапирачки и покажуваат масовна кражба на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија. Четири ставки од извештајот се највпечатливи и тоа, Багер Катерпилар, ФАП-овите, моторните пили и возилото Хонда Акорд VE-860-UP.

 

Во разговор со вработен од механичката работилница во претпријатието, добивме информација дека посоченото возило во тој временски период, било на комплетна поправка и фарбање на шасијата во механичката работилница, и дека воопшто не се користело и дека истото не било ниту регистрирано. За споредба само, возилото Хонда Акорд VE-4887-AB кое Директорката го користи лично 24/7, има потрошено „само“ 144 литри повеќе гориво, односно 755 литри гориво во истиот временски период.

Ако пак го погледнеме финансискиот извештај за период од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година, ќе констатираме дека за гориво во целата измината 2016 година се потрошени околу 3.000.000,оо денари, приближно колку и во 2015 година. Тука констатираме енормна потрошувачка на гориво во првиот квартал од 2017 година, во висина од фрапантни 1.000.000,оо денари.

 

Но, исто така вреди да се напомене дека Градоначалникот на општина Гевгелија, во својот извештај за работата во 2016 година, посочи дека за потребите на граѓаните се обезбедени вкупно 8 (осум) возила и машини како донација од УНДП и компензација на штетите од бегалската криза, и тоа Трактор со приколка, вибро ваљак, комбе за превоз на работници и опрема, 2 (два) камиони за комунален смет, 1 (една) вакум цистерна, Булдожер за управување со комунален отпад.

Разумот и логиката констатираат дека со нови возила во ЈПКД Комуналец Гевгелија, денес се троши (читај – краде ) многу повеќе гориво споредбено со изминатите години кога се користени старите возила.
Господине Градоначалник Франгов и Госпоѓо Директор Вегова, веднаш спроведете детална истрага и спречете понатамошно крадење на гориво во ЈПКД Комуналец Гевгелија.
ЛДП Гевгелија, ветува дека веднаш после смената на локалната власт, ќе покрене постапка за утврдување на поединечната одговорност на учесниците во оваа злоупотреба на парите на граѓаните од општина Гевгелија.

ЛДП Гевгелија, 07.08.2017 година.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Собрание на Општинската организација на ЛДП – Долнени

Либерално-демократската партија, на 12.07.2017 година, одржа Собрание на Општинската организација на ЛДП во Општина Долнени. ...