Претставнички од Форумот на жени на ЛДП на семинар за подготовка на локалните избори

Соња Николовска и Цветанка Петрова од Форумот на жени на ЛДП, овој викенд присуствуваа на семинар за подготовка на локални избори и управување на локално ниво, во Охрид.

Со разни предавања од оние кои се директно вклучени во изборниот процес, поранешни и актуелни пратенички и функционери, како и претставници од НВО секторот, жените – претставнички од политичките партии разменија искуства и пракси во однос на припремањето за наредните локални избори.

Меѓу другите, збор имаа Тања Томиќ, поранешен пратеник во Собранието на РМ, Никола Тодоров, поранешен шеф на изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, како и Орор Берже, портпарол во изборната кампања на актуелниот француски претседател, Емануел Макрон.

Семинарот за подготовка на локалните избори и управувањето на локално ниво е во организација на претставништвото на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Мрежата на жени за демократија (МЖД).

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...