Учество на министерот Проф. Д-р Зоран Шапуриќ на меѓународна конференција, под наслов: “Можност за јавно – приватно партнерство и регионален развој”

Во своето обраќање, министерот без ресор задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, рече дека јавното-приватно партнерство во Македонија е регулирано веќе подолго време и во пракса се уште е во зародиш и не се доволно искористени потенцијалите кои што ги нуди оваа форма на инвестирање во инфраструктурни проекти.

– За овој кус период имаме одредени позитивни и негативни искуства, и во иднина мора да посветиме многу поголемо внимание на оваа форма на инвестирање. Ова е многу значајно имајќи ги предвид лимитираните финансиски капацитети, како на централните власти, така и на локалната самоуправа. Особено на јавното-приватно партнерство како фактор во порамномерен регионлен економски развој, што е една од основните потреби на економскиот развој во Македонија. Да се развие економскиот живот насекаде во Македонија, не само во Скопје. Сведоци сме дека најголем дел активности се одвиваат овде и во иднина е потребно да се дисперзираат што е повеќе можно и да се овозможат услови за живот и во другите краеви во Македонија, изјави Шапуриќ.

Посочи дека јавно приватно партнерство во пракса се одвива со променливи резултати и има позитивни и негативни примери, меѓутоа е форма која во иднина треба да се развива уште повеќе.

– Ако зборуваме за долги, градскиот луна парк долго време тешко се наоѓаше партнер, па имаме едно јавно-приватно партнерство во Дризла. Имаме и успешни партнерства кои функционираат во некои општини, јас очекувам тие да бидат и во изградба на регионални депонии, каде ќе има и постројки за преработка на отпад и други видови на третман на отпад, рече Шапуриќ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...