Министрите Шапуриќ, Мерко и Апостолоска во ТИРЗ Скопје

Министрите во Владата на Република Македонија Зоран Шапуриќ, Рамиз Мерко и Зорица Апостолоска денеска ја посетија Технолошко индустриската развојна зона каде што имаа средба со директорот Виктор Мизо и неговиот тим.

За време на посетата на Технолошко индустриската развојна зона министрите Шапуриќ, Мерко и Апостолоска ги посетија фабриките Ванхол и Витило, каде беа запознаени со комплетниот производствен процес, капацитетите и пласманот на финалните производи.

На состанокот министрите разговараа за функционирањето и производството во зоната, притоа посебен акцент се стави на обемот на извозот и увозот остварен од индустриските објекти во рамки на зоната. Се разговараше и за бројот на вработените, висината на плата на вработените, како и степенот на ангажирање на домашните добавувачи во финалните производи на компаниите во зоната.

Исто така, се осврнаа и на квалификационата структура на вработените на стопанските субјекти во зоната и проблематиката со обезбедување на квалификуван кадар и планирање на идни активности во зоната, соопшти кабинетот на министерот Зоран Шапуриќ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Средба на министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Вчера, шефот на делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, го посети министерот, проф. д-р Зоран ...