Министерот Шапуриќ на работилница за реформа на законите за планирање на просторот

Учество на министерот Проф. Д-р Зоран Шапуриќ, на работилница за реформа на групата на закони кои го уредуваат планирањето, развојот и контролата на изградбата на просторот.

Во изјавата за медиуми, министерот задолжен за регулатива и унапредување на бизнис климата за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ, потенцираше дека Законот за градење од 2009 година досега 25 пати претрпел промени според, потенцира, дневно-политички и кои било други потреби. Преку Законот ќе се направи конзистентен систем, како и подзаконски акти кои ќе значат подобрување на условите за инвестиции со оглед на огромното учество на градежништвото во БДП.

Се работи за мултисекторски пристап со вклучување на многу државни институции, компании, локалната самоуправа, коморите. Целта е да се донесат квалитетни законски решенија кои ќе бидат стабилни и кои на транспарентен начин ќе влијаат да се подобри бизнис климата и да се спречи урбаниот хаос.

 
Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран ...