Зоран Шапуриќ од Струга: Има решение за проблемот со струшката депонија

Пожарникарите кои два дена се бореа со огнената стихија на струшката депонија, денес во утринските часови успеаја да го локализираат огнот, (виа ТВ 21), но опасноста се уште не е помината. Затоа, денеска, над 50 камиони и булдожери заедно со пожарникарските екипи работат на санирање на состојбата во дивата депонија во Струга. Веќе два дена пожарникарите се борат со огнената стихија, но дури денеска е отворен патот за да се стигне до местото. Екипите на терен велат дека за 48 часа ќе се надмине опасноста.

Двајцата министри без ресор кои потекнуваат од овој регион, Рамиз Мерко и Зоран Шапуриќ, денеска дојдоа во Струга. Рекоа дека решението за овој проблем  го има во владината програма, но очекуваат од работните групи да го изгласаат што поскоро.

В.д градоначалникот на Струга, Мустафа Забзуни, вели дека по гасењето на огнот, треба да се најде решение за дислокација на депонијата. Министерството за животна средина и просторно планирање формираше работна група за наоѓање алтернативни решенија на владата за овој проблем.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...