Министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, во посета на овластените архитекти и инжинери

На покана на претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле Димитровски, се оствари работна средба со министерот проф. д-р Зоран Шапуриќ, во просториите на Комората.

На состанокот присуствуваа околу четириесетина инженери-членови на Комарата, кои го запознаа министерот Шапуриќ со проблемите со коишто се сретнуваат при извршување на нивната дејност, изразија благодарност за посетата но и очекувања за понатамошна соработка.

Министерот Шапуриќ истакна дека членовите на Комората имаат активна улога во процесот на инвестирањето во државата преку проектирање,  ревизија на проекти, вклучување во сите фази на изведбата и надзорот, како финален елемент на инвестирањето. Исто така, тој напомена дека определбата на реформската Влада на Република Македонија е интерактивната комуникација со сите структури на бизнис секторот, со цел создавање на бизнис клима која ќе ги изедначи домашните инвестиции со странските. Во оваа насока ќе се направат реформи во регулативата која се однесува на овие области.

Притоа, ќе биде поттикнувана изградбата на индустриски објекти од домашни инвеститори коишто ќе создаваат производи наменети за извоз, кои ќе претставуваат супституција на увозот, што би довело кон намалување на надворешно-трговскиот дефицит. Развојот на индустријата ќе се води  во насока на решавање на проблемите во животната средина со што покрај економски ќе се создаваат и еколошки бенефити за земјата и граѓаните.

Во комората членуваат околу 7.500 инженери, од кои 3.500 се лиценцирани.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...