Средба Шапуриќ – Митровиќ

Денес, министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, проф. д-р Зоран Шапуриќ, оствари средба со амбасадорот на Црна Гора, Н.Е. Предраг Митровиќ.

На состанокот, министерот го запозна амбасадорот околу неговите и активностите на премиерот Зоран Заев и Владата на Република Македонија во целост, со цел подобрување на севкупната бизнис клима во државата.

На средбата беше констатирано дека и покрај одличната политичка и културна соработка помеѓу Македонија и Црна Гора, нивното на економската соработка не е на потребното ниво и треба да се издигне. Затоа, определба на Владите на двете држави е да се унапреди меѓусебната трговска размена.

Амбасадорот ја пренесе определбата на владата на Црна Гора за севкупно унапредување на односите на Црна Гора-Македонија во сите области.

Воедно, амбасадорот Митровиќ го поздрави реформскиот курс на Владата на Република Македонија за забрзување на процесите за интегрирање во Европската Унија и НАТО.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...