Шапуриќ: Евтината тарифа за струјата ќе биде според европската регулатива

Директорот на Секретарјатот на економската заедница Копач рече дека евтина тарифа е дозволена само за социјални категориии на граѓани и за две години.

Евтината тарифа за струјата да се воведе само за социјалните категории и за временски период од две години препорача денеска директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Јанез Копач.

Тој на средбата со членовите на собраниската Комисија за економски прашања рече дека нема детали за владиниот предлог за враќање на евтината тарифа за сите граѓани.

“Не знам точно каков е тој предлог. Слушнавме дека имало такво нешто во предизборната кампања, но деталите не ги знаеме. Исклучоци се можни, но мораат да бидат многу оправдани, консултирани со Секретаријатот, временски ограничени и направените трошоци да бидат платени од јавниот буџет, а не од други потрошувачи на електричната енергија“ – рече Копач.

Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата вели дека враќањето на евтината тарифа нема да биде спротивно на европската регулатива

“Се работи за неколку часа кога граѓаните ќе можат да ја користат евтината тарифа. Се работи за мало проширување кое ќе биде значително олеснување за сите граѓани, а најмногу за ранливите категории“ -изјави Шапуриќ.

Копач нагласи дека во последните години земјава ништо не направила од планираните реформи во енергетскиот сектор и затоа се надева дека новата влада ќе направи чекори кои ќе влијаат и на прекршочната постапка која се води против земјава за неостварените реформи.

“Се е подготвено. Нацрт-законот е готов, има политичка волја, а присутна е и волјата за реформи така што сум оптимиста во однос на ова“ – рече Копач.

Копач, меѓутоа препорача зајакнување на Министерството за економија со експерти од енергетскиот сектор.

plusinfo.mk

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Средба на министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Вчера, шефот на делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, го посети министерот, проф. д-р Зоран ...