Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

Tribina - Makedonija posle Gruevizmot-liberalni resenija - Bitola (5)На последната седница на Советот на град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побара од градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување на субвенции – дотации, за преземање на мерки и активности од страна на градот за поголема заштита на животна средина, а особено за справување со се’ поголемото загадување на воздухот.

Според Европската агенција за животна средина, како и според бројни други меѓународни органзации, Скопје е најзагаден главен град во Европа. Загадувањето на воздухот е најголем еколошки проблем на Скопје и серизоно го нарушува здравјето на граѓаните.

За преземање на поинтезивни мерки за справување со загадувањето на воздухот, а особено со ПМ 2, 5 и ПМ 10 честички, неопходни се дополнителни средства кои Владата треба да ги додели на градот. Справувањето со загадувањето би требало да биде многу поважен приоритет отколку што се дотациите од Владата на градот Скопје за панорамско тркало за Скопје 2014 и други непродуктивни проекти.

Со овие дотации, градот би можел да организира бесплатен автобуски јавен превоз во Скопје, во деновите кога загадување на воздухот е поголемо од максималнижо дозволените вредности.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Собрание на Општинската организација на ЛДП – Долнени

Либерално-демократската партија, на 12.07.2017 година, одржа Собрание на Општинската организација на ЛДП во Општина Долнени. ...