Шапуриќ: Општина Аеродром е веќе неподнослива за живеење

Интегрален текст од прес конференциија на потпретседателот на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ

 

Повод за денешниот прес на Либерално-демократската партија се катастрофално лошите услови за живеење во општината Аеродром, каде веќе 12 години ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Оттогаш, од ден во ден, условите за живеење во општината стануваат сѐ повеќе неподносливи. Граѓаните се соочуваат со урбан хаос и бесмилосна и неодржива градба,која доведе до масовно уништување на зеленилото, загадување на воздухот и загрозување на здравјето на граѓаните. Оваа тн. “урбана експанзија“, кулиминира во последните пет години, за која е одговорно владеачкото мнозинство на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општината Аеродром, како и градоначалникот Коневски Ивица. Општината Аеродром стана навистина неподносливо место за живеење. Уништени се илјадници квадратни метри на зеленило и исечени се повеќе стотици масивни повеќе-децениски дрвја, наместо кои се засадени грмушки со минимална зелена маса и фамозните палми. Неодрживата градба и бизнис интересите доведоа до прекумерна населеност,  закрченост на сообраќајот дури и во најмалите улици, голем број на сообраќајни незгоди, недостаток на паркинг места и неможност за струење на воздух. Во многу делови на општината Аеродром се постигнати неславни рекорди по бројот на возила, така што бројот на моторните е поголем од илјада возила на квадратен километар, што е надвор од секаков урбан и хуман стандард.  Исто така, нивото на бучава предизвикана од масовната градба и сообраќајот во Аеродром е десет пати поголема од максимално утврдените граници.

Градежните активности се одвиваат без никаква контрола на општинската инспекција, насекаде се продуцира шут, кој стои со месеци, без било каква заштита. Неодржливата градба доведе до енормното загадување на возухот и концентрацијата на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички и во повеќе од двеста дена во годината е над дозволено максимално ниво на концентрација, од што околу сто дена е повисока и за пет пати повеќе од максималните гранични вредности.

Општинската власт останува сосема нема на барањата на граѓаните на општината Аеродром за запирање на нехуманата градба и за подобрувањето на условите за живеење. ЛДП во повеќе наврати ја алармираше јавноста за овие состојби.

Последните измени на деталните урбанистички планови ја прелеаја чашата, па на зелена површина од околу 4.000 квадратни метри, на локацијата кај објектот “Мајчин дом“, е предвидена градба на деветокатници. Истото се случива и на парцерлата кај “Неоком“ во населбата Острово, каде се предвидува изградба на висококатница. Овие измени на деталните планови се недамна усвоени од мнозинството во Советот, предводено од ВМРО ДМПНЕ.

Новата власт во општината Аеродром, предводена од ЛДП, СДСМ и коалициските партнери, ќе ја спречи нехуманата градба и ќе озвозможи почист воздух, а и ќе доведе до многу поголема грижа на органите на општината, за подобар квалитет на животот и подобро здравје на граѓаните на општината.

 

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...