Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на дебатата “Странските експерти во домашните компании“

Во Владата на Република Македонија е презезентиран проектот “Странските експерти во домашните компании“.

Воведните излагања околу моменталните состојби ги имаше потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев.

Министерот од ЛДП во Владата на РМ, Зоран Шапуриќ, во своето излагање пред бизнис секторот помеѓу другото, истакна дека малите и средни претпријатија се во фокусот на интересот на Владата и нивниот развој е од витално значење за економскиот развој.

Шапуриќ посочи дека се работи за донација од Швајцарија и дека македонските мали и средни компании имаат можност да  без надомест да го користат овој грант.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, која исто така присуствуваше на настанот, нагласи дека Швајцарија и понатаму е подготвена да ја подржува македонската економија

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...