Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ ја посети Општина Струмица

Денес во работна посета на Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија.

Притоа, тој оствари средба во Општина Струмица со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов, на која беше разговарано за можна соработка на разни проекти, кои ќе имаат за цел, заживување на економијата во општина Струмица, а во функција на подобрување на инвестициската клима за струмичките компании.

По средбата со в.д. градоначалникот Костадинов, Министерот Шапуриќ посети неколку струмички производни компании, за да се запознае одблиску со начинот на кои тие стопанисуваат и со проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Куманово: Активности за одбележување на роденденот на Либерално демократската партија

Во рамките на одбележувањето на 21 година од формирањето на ЛДП, ОО на ЛДП – ...