Министерот Зоран Шапуриќ учествуваше на Балкански инженерски форум во Софија

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, д-р Зоран Шапуриќ, беше во дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум – Регионална соработка на Балканот”, организирана од Европскиот совет на инженери.

– Шапуриќ на обраќањето на конференцијата ги нагласи напорите на Владата на РМ за забрзување на евроатланските интеграции и определбата за  постојана соработка  со стручните асоцијации меѓу кои и со македонската Комора на овластени  архитекти и овластени инженери чиј претседател Миле Димитровски исто така, учествуваше на конференцијата, информира денеска Кабинетот на министерот.

Во тек на конференцијата министерот Шапуриќ остварил повеќе билатерални средби со претседателот и генералниот секретар на  Европскиот Совет на инженери Арис Хадзидакис и Клаус Туриедл, со заменикот министер за регионален развој на Бугарија Валентин Јовев и со претседателите на инженерски комори на Турција, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Конференцијата се одржува во рамки на активностите на претседавање на Бугарија со Европската Унија.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...