Средба на министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, со евроамбасадорот Самуел Жбогар

Вчера, шефот на делегацијата на Европска Унија, Самуел Жбогар, го посети министерот, проф. д-р Зоран Шапуриќ, во Владата на Република Македонија.

Евроамбасадорот Жбогар изрази задоволство од силната посветеност на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, за интензивирање на процесите за приближување на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Евроамбасадорот се интересираше за начинот и процедурите за усвојување на регулатива за подобрување на бизнис климата во земјата.

Министерот Шапуриќ, го запозна евроамбасадорот за определбата на Владата за донесување на прецизна регулатива за подобрување и стимулирање на домашните инвестиции во погони за производство на производи кои ќе бидат наменети за извоз, кои ќе го супституираат на увозот, како и на воведување еколошки поволни и напредни технологии. Ова треба да доведе до постепено изедначување на условите помеѓу домашните и странските инвеститори.

Министерот Шапуриќ нагласи дека извештаите на Европската комисија за напредок на Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ, низа год наназад укажуваат на слабости во повеќе поглавја, и изрази уверување дека следните извештаи на Комисијата ќе бидат многу попозитивни и дека сугестиите и препораките од Комисијата ќе бидат сериозно анализирани и ќе претставуваат патоказ во понатамошното превземање на соодветни мерки и активности.

На состанокот беше констатирано дека Европската Унија ги поддржува напорите на Владата за нејзина целосна транспарентност и отчетност, и доследна имплементација на европските вредности и стандарди.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...