Форум на жени на ЛДП: Жените од ЛДП – лидери во политиката

Викендов (15–17.12.2017) Форумот на жени на ЛДП со подршка од страна на Фридрих Науман Фондацијата (Friedrich-Naumann-Stiftung), одржа тродневен семинар на тема ,, Жените од ЛДП – лидери во политиката’’.

На семинарот активно учевствуваа  вкупно 22 членки од кои 17 претставнички од Форумот на жени на ЛДП и 5 претставнички од Либерално- демократската младина (ЛиДеМ).

Учесничките ги поздрави и им посака успешна работа Потпретседателот на Либерално- демократската партија Г-дин Игор Велјановски.

Учесничките од страна на предавачите Г-ѓа Силвана Трбогазова – актуелен советник во општина Аеродром и Моника Зајкова –претседателка на Либерално – демократската младина, преку интерактивни сесии имаа можност да слушнат како напредува работата на Форумот на жени на ЛДП, совети за водење на сопствена кампања, начини за изградба на личен и организациски бренд, како и да добијат мотивациски правци и насоки за зајакнување на Форумот.

Од сето она што беше дискутирано произлезе заклучок дека и покрај постоењето на законските квоти кои имаат за цел да обезбедат можност повеќе жени да бидат носители на јавни политички функции, сепак бројот на жени носители на клучни политички функции е се уште многу мал.

Сесиите беа водени во една позитивна, искрена атмосфера и во духот на тимското работење.

Искуството и мотивот на учесничките, резултираа со детектирање на приоритетите на Форумот на жени, изнаоѓање на решенија на актуелните проблеми со кои се соочуваат при своето дејствување, како и изработка на План на активности за претстојната 2018 година, а се со една јасна цел – Зацврстување  на статусот на жените не само во политиката, но и генерално во општеството, кое би резултирало со поголем број на жени носители на политички функции без постоење на законски ограничувачки квоти.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Гевгелија: Тихомир Ручкоманов – излагање на седница на Советот на Општина Гевгелија

ЛДП Гевгелија: Тихомир Ручкоманов – излагање на седница на Советот на Општина Гевгелија Сподели....