ЛДП: Срамно е УБК да се спротивставува на судски наредби

ldp-660x330Управaта за безбедност и контраразузнавање да не ја попречува истрагата на Специјалното јавно обвинителство и да не се спротивставува на судска наредба. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат кој нелегално прислушувал во државата и во чии интереси.

Либерално демократската партија повикува да не се попречува правдата и владеењето на правото во државата, особено не од институција која треба да ги заштитува интересите на државата и граѓаните.  По синоќешните опструкции врз работата на СЈО од страна на политичките марионети на власта, го повикуваме Основното јавно обвинителство да поведе постапка за попречување на работата на СЈО и спротивставување на судска наредба, бидејќи токму попречувањето на споведувањето на судска наредба е кривично дело кое се санкционира со нашите закони.

Оваа власт, со ваквото однесување, уште подлабоко тоне во жив песок. Вистината за тоа кој прислушувал во Република Македонија и за чии интереси, кога-тогаш ќе се обелодени. Ако не сега , тогаш сигурно после 11 декември, кога новата  влада ќе ги разобличи сите криминали и злодела на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...