ЛДП: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани. Секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пацентите. Иако во некои случаи причината е немање на средства, во други – неточни предвидувања на потребите, сепак најчестата причина е доцнењето на тендерите за јавни набавки, поради долготрајните и нестручни подготовки на набавките.

Аргумент плус за тоа е што тие редовно се враќаат на доработка во таканаречната “стручна комисија“ во Бирото за јавни набавки и тоа заради несуштествени и небулозни грешки.

За жал, сведоци сме на анекси на договори во многу сфери и за многу состојби во општеството, каде не се работи за итност и не се работи за човечки живот, но овде иако се работи за жива материја, тоа не се дозволува.

Згора на сѐ, поради досегашните пресметки на власта во заминување со неистомислениците, лекарите и здравствените работници молчат за ваквите состојби, исплашени да не бидат отпуштени од работа или да не завршат со добро познатите местенки на суд.

Молчат и директорите на болниците, како најверни послушници на партијата. Резултат на целокупната состојба, руинираното македонско здравство е на самото дно.

На штета на пациентите се употребуваат лекови кои се на располагање, а не најдобрите и најсоодветните за дадената болест, операциите често се одложуваат, а лабораториите не издаваат целосни резултати.

Здравството мора да се врати на вистинскиот колосек. Еднаква можност за справување со болестите мора да имаат сите граѓаните на Република Македонија, а не само оние кои можат да си дозволат лекување во приватните клиники.

Новата влада, во која ќе биде и ЛДП, час поскоро ќе започне со темелни и суштински реформи во здравството, по европски терк.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...