ЛДП: Повикуваме на зрелост за брз трансфер на власта

Либерално-демократската партија повикува на зрелост кај сите политички субјекти и  институции во Република Македонија за брз и мирен трансфер на власта.

Процесот на формирање на ново парламентарно мнозинство мора да биде поврзан со формирањето на нова влада во Македонија и тоа што е можно побрзо.

Демократските процеси во државата мора да продолжат. Сите заеднички мора да се посветиме на формирање нова реформска влада, чиј приоритет ќе бидат заздравувањето на економијата и европската агенда, а не национализмот, поделбите по етничка и партиска припадност.

После изборите на 11 декември граѓаните посакаа промени. Посакаа реформи, подобар животен стандард, но и стабилна, евроатлантска перспектива на Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...