ЛДП: Груевски да го врати мандатот

И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој  и натаму си игра со трпението на граѓаните, кои јасно на 11 декември гласаа за промени и смена на режимот.

Намерите на Груевски се јасни. Спречување на формирање на нова влада на чело со опозицијата, држење на државата во заложништво и промоција на бесперспективна иднина. Но, Груевски мора да знае дека процесот на чистење на политичката сцена , како и демонтирањето на „груевизмот“ е неминовен и незапирлив.

Сите оние политичари кои се осомничени од СЈО за криминал, не можат и не смеат да формираат влада.

Затоа, го повикуваме Груевски веднаш да го врати мандатот, бидејќи на државата и е потребна  влада која ќе започне темелни реформи базирани врз препораките од извештајот на Прибе. Во Македонија мора да се врати  владеењето на правото и почитувањето на институциите на системот. Меѓу приоритетите на новата влада ќе бидат и реформите за независно судство, како и продолжување на работата на СЈО. И конечно, започнување на судски процеси против сите функционери на власта  и корумпираните елити, инволвирани во криминал, корупција и изборни измами.

Македонија веќе не смее да биде земја на омрази, делби и сиромаштија, туку стабилна држава која ќе цели на патот на европеизацијата и на НАТО.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...