Неодговорното однесување на власта доведува до скапиот увоз на струја

АД “ЕЛЕМ“ повторно распиша оглас за увоз на околу 22.000 мегават часови електрична енергија кои треба да обезбедат снабдување на мали компании и домаќинства до крајот на јануари. Ова за неполн месец е шести увоз на струја. РЕК Битола не работи со полн капацитет и покрај прескапите ремонти, како и поради лошото одржување. Исто така, не работат ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Власта, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веќе долги години води катастрофано лоша енергетска политика. Континуирано пропаѓаат тендери за изградба на повеќе хидросистеми, како што се Чебрен, Галиште, Бошков мост и низа други. Гасификацијата се одвива несфатливо бавно.  Не се инвестира во искористување  на енергија од обновливи извори, иако Македонија има повеќе од 270 сончеви денови годишно.

Либерално-демократската партија во повеќе наврати ја повикуваше оваа влада во заминување, наместо во низа непродуктивни и екстремно скапи проекти како што се тн. ‘барокни’ фасади, панорамско тркало, т.н. ‘жални врби’ и низа други бесцелни проекти, да инвестира во енергетскиот сектор за да се намали увозот на електричната енергија.

Владата не ги почитува ниту своите стратешки документи кои се усвоени во 2010-тата година, пред се’, Стратегиите за развој на енергетика и искористување на обновливите извори на енергија, каде што во сите можни сценарија недвосмислено е предвидено дека треба да се инвестира во домашно производство на електрична енергија и во искористување на обновливи извори на енергија за да се намали увозот. Скапиот увоз на струја во мошне краток период наскоро ќе го осетат и граѓаните во своите сметки за јануари, а ако вака се продложи истото ќе се повторува и во сметките за наредните месеци.

Новата влада, која наскоро ќе се избере и во која ќе учествува и ЛДП, ќе посвети многу поголемо внимание на инвестиции во енергетскиот сектор.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Груевски и Петровска на средба со занаетчиите во Битола

Денес, кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска заедно со носителот на советничката листа Валентин ...