Реакција на ЛДП по повод квалификациите на претседателот Иванов на сметка на Германската Амбасадорка во Р. Македонија, Н.Е. Кристин Алтхаузер

Либерално-демократската партија со голема индигнација и срам ги проследи навредите на Претседателот Ѓорѓе Иванов упатени кон Амбасадорот на СР Германија во Р.Македонија, Г-ѓа Кристин Алтхаузер. Во неговото интервју на една од провладините медиуми истакна дека “амбасдорката на Германија испраќала лажни информации за состојбите во РМ“ и дека “нејзиното ниво е навреда за земјата“.

ЛДП смета дека ова е прв пат во историјата на македонската дипломатија еден претседател на државата да упати такви големи и непресметливи навреди за амбасадор од една од најмоќните држави во Европа и пошироката меѓународна заедница. Навредливите зборови на Иванов се навреда и за канцеларката Ангела Меркел, но и за народот на Германија, инаку една од најблиските економски и политички партнери на Р.Македонија. Овој непромислен и вулгарен истап на Иванов не е прв кога се работи кон критикувањата на државите на ЕУ и САД. Тој уште еднаш го покажува анимозитетот кон Европа и европските вредности, несвесен дека и натаму е најголем фактор на нестабилноста во Македонија и регионот.

ЛДП апелира до претседателот Ѓорѓе Иванов во иднина да престане со ваквите несмасни изјави и за промена, сериозно да ѝ пристапи на функцијата Претседател на Република Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...